Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Шанса за одмазда, Вардар утре го пречекува ЖРК Металург во дербито
Шанса за одмазда, Вардар утре го пречекува ЖРК Металург во дербито

Шанса за одмазда, Вардар утре го пречекува ЖРК Металург во дербито

Девојките на Симовски, Ристова и Царчев  ги очекува дерби дуел во рамки на плеј-офот во женската суперлигашка конкуренција. На гости во “Јане Сандански“ ни доаѓа лидерот на табелата екипата на ЖРК Металург.

Натпреварот се игра, утре, вторник 23.април со почеток во 18 часот и 30 минути.  Вардарки ќе се обидат да дојдат до победа пред паузата поради велигденските и првомајските презници. Триумф во оваа средба ќе ги подигне апетитите и мотивите пред Ф-4 турнирот во Купот на Македонија каде ни е последна прилика за пехар на оваа одлична екипа во сезоната 2018/2019.