Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Шест играчи од Вардар со повик за националната репрезентација до 18 години
Шест играчи од Вардар со повик за националната репрезентација до 18 години

Шест играчи од Вардар со повик за националната репрезентација до 18 години

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години на 23 и 25.април во Албанија ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на оваа земја.

За овие мечеви, селекторот на Македонија, Шкумбин Арслани повика и шет играчи од редовите на Вардар. Се работи за Али Асани, Александар Ѓурковски, Анатолиј Петејчук, Леонид Игнатов, Азер Омерагиќ и Атом Фазлиу.

Натпреварот на 23. април (вторник) започнува во 16 часот, а два дена подоцна дуелот меѓу Албанија и Македонија е закажан во 13 часот.