Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Чупиќ и Парондо во изборот за најдобриот тим во Лигата на Шампионите
Чупиќ и Парондо во изборот за најдобриот тим во Лигата на Шампионите

Чупиќ и Парондо во изборот за најдобриот тим во Лигата на Шампионите

Во тек е номинацијата на ракометари кои би влегле во изборот за најдобриот тим во Лигата на Шампионите, на крајот од оваа натпреварувачка сезона. Маркус и Хана се новинарите кои се присутни на мечевите кои се прогласени за дерби на колото во Лигата на Шампионите. Тие го избрааа својот најдобар тим во ЛШ, односно ги номинираа играчите по позиции, кои имаат шанса да влезат во изборот за ОЛ-Стар тимот во ЛШ. Во истиот се најдоа Иван Чупиќ како најдобро десно крило, а изборот за најдобар тренер отпадна на Гарсија Парондо:

Вака изгледа најдобриот тим на Маркус и Хана:

Голман: Арпад Штербик (Веспрем)

Лево крило: Мануел Штрлек (Веспрем)

Лев бек: Ромаин Лагард (Нант)

Среден бек: Кентин Мае (Веспрем)

Десен бек: Недим Ремили (ПСЖ)

Десно крило: Иван Чупиќ (Вардар)

Пикер: Хулен Агинагалде (Келце)

Дефанзивец: Тијаго Петруш (Барселона)

Млад играч:: Јоханес Гола (Флензбург)

Тренер: Роберто Гарсија Парондо (Вардар)