Вчера во организација на БК ВАРДАР се одржа свечена вечера на која присуствуваа сите Олимписки медалисти, да му го честитаат бронзениот медал на Магомедгаџи Нуров и освојувањето на Олимписката норма.
Лично Олимпискиот победник Шабан Трстена, заедно со 2 пати бронзениот Олимпиец Шабан Сеиди, бронзениот Магомед Ибрагимов, петтиот ма олимпијада Зоран Шоров, селекторот Насе Насев, судијата Љупчо Јанев, д-р проф. Страшо Глигоров , тренерите Назми Али и Хасан Бислими, врвни боречки асови Атанасов, Димчевски, Сичков, А.Рангелов,Штерјо Митров, К.Шоров, заедно со други спортски работници, од се срце искрено го поздравија Нуров за постигнатиот успех и резултат.
Организатори и домаќини на свеченоста беа Мирко Димчевски и професорот Љубиша Пешко.
Пешко искажа голема благодарност до Македонските борачи олимписки медалисти, боречките легенди, тренери, спортисти и љубители на борењето за подршката на Вардаровиот бронзен медалист од Светското првенство и евидентен учесник на Олимпијадата во Токио 2020 – МАГА НУРОВ ! Се надеваме дека Вардарци пријатно ќе Ве радуваат во иднина со своите резултати.