Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар го доби дербито со ГТЦ, добра игра на црвено-црните
Куглање: Вардар го доби дербито со ГТЦ, добра игра на црвено-црните

Куглање: Вардар го доби дербито со ГТЦ, добра игра на црвено-црните

Вчера, на домашен терен во кугларницата „Мусандра„ во дербито КК Вардар ја пречека екипата на КК ГТЦ Мусандра. Црвено-црните успеаа да триумфираат на ова дерби, победата дојде со високи, 6-2  или  во сетови 15-9. Вардарци соборија 3191 „дрва“, ривалот дојде до бројката  3128.

 Миливоевиќ и Поп-Крстев  стартуваа  како први, одлични одигаа  и поведовме со 2-0, што го предодреди дуелот. Покрај нив поени успеаа за нас да освојат, Дарко Димитровски и Марјан Згонц. Највисока бројка зад своето име имаше искусниот, Згонц кој впиша 559 „соборени дрва“, Димитровски дојде до бројка 547 „дрва“.

Поп-Крстев – Димов/Лазарков 3-1 (539-515)
Миливојевиќ – Фазлиевски 2,5-1,5 (539-522)
Стојановски – Д.Ајдин 2-2 (507-516)
Згонц – Саздов 2,5-1,5 (559-536)
Митиќ/Ристиќ – Манев 2-2 (500-507)
Димитровски – М.Ајдин 3-1 (547-532)

Добра игра на црвено-црните момци донесе важна победа, очигледно долгогодишната работа на тренерот Драги Димитровски дава плод. Тој поради здравствени проглеми го пропушти мечот, но долго вредно и неуморно го подготви тимот за време на летниот период. Неговиот труд сега дојде до израз токму на ова дерби, инструкциите кој ги задал претходно момците ги реализираа до перфекција.

По две кола ние го делиме врвот на табелата со 4.бода со тимовите на Макпетрол, 18.Август и КК Пелистер 1982.