Во женската сениорска кошаркарска лига започува четвртфиналната серија, вардарки ќе бидат дел од серијата „подобар во три натпревари“.
ЖКК Вардар против себе ќе го има тимот на МЗТ Скопје Аеродром, избраничките на Александар Ашаданов имат предност на домашен терен поради пласманот на табелата. Закажана е првата средба, таа се игра задутре (недела, 17.април) со почеток во 19-00 часот. Ние стандардно сме домаќини во малата сала при Срц „Кале“ во Скопје.