Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > OK Вардар го одигра последниот дуел од фаза-2, во понеделник започнуваат елиминациите
OK Вардар го одигра последниот дуел од фаза-2, во понеделник започнуваат елиминациите

OK Вардар го одигра последниот дуел од фаза-2, во понеделник започнуваат елиминациите

Oдбојкарите завршија со Втората фаза-1 по која што Струмица 47&72 ќе игра против Универзитет во Тетово, а Шкендија на Вардар во првата рунда од елиминациите..

Средбите од последното коло во лигашкиот дел не решаваа за полуфиналните двојки, а во нив со триуфот над ГОК Борец, Шкендија го задржа второто место и со тоа ја обезбеди предноста на домашниот терен против Вардарци, кои очекувано загубија од неприкосновената Струмица 47&72 со 3:0 во сетови.

Значаен успех оствари Лирија со пресврт против Универзитет во Тетово со 3.2 и на тој начин го мина ГОК Борец и сезоната ја заврши на петтото местово конечното рангирање.

Седми е Штип УГД, најдобрата екипа во Втората фаза-2, а осма вкупно е Весна Пробиштип.

Водечкиот во оваа конкуренција во 10-то коло славеше над Македонија Џио, па немаше ефект победата на пробиштипјани над Дибра волеј.

Јанта волеј е деветти, Дибра волеј десетта, а Македонија Џио единаесетта за сезоната 2021/22 без ниту една победа оваа сезона.

Натпреварите од полуфиналето од Плејофот започнуваат претстојниот викенд, со тоа што поради директниот пренос на МРТ 3, натпреварот во Тетово помеѓу Шкендија и Вардар ќе се игра во понеделник од 21 часот.

ТАБЕЛА:

Струмица (20-0),
Шкендија (15-5),
Вардар (13-7)
Универзитет во Тетово (10-10),
ГОК Борец (8-12),
Лирија (7-13)