Од 15-17.април, генерацијата 2008 на ФК Вардар ќе се натпреварува на младински меѓународен турнир во Грција „Елит Неон Куп 2022“ кој ќе се игра во Атина.
Се работи за силен турнир на кој учество ќе земат најсилните екипи од Грција, а тука е и Црвена Ѕвезда од Србија. Вардар е во група со екипите на Панатинаикос, Арис и Дока.
Со настапи започнуваме денес, прв противник за момците на Влатко Колев ќе биде екипата на Панатинаикос.