Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Завировски и оваа година со настап во Подгорица
Атлетика! Завировски и оваа година со настап во Подгорица

Атлетика! Завировски и оваа година со настап во Подгорица

 На 29 Октомври по 24 пат ке се одржи Подгоричкиот маратон. Традиционално организаторите на Подгорички маратон во соработка со Скопски маратон обезбедуваат бесплатен превоз и бесплатно сместување на 50тина Македонски тркачи.

9999-525x330

Четврта година по ред на полумаратонската трка која се трча од Данилов град до Подгорица свое учество ке земе нашиот атлетичар Петре Завировски. Да напоменеме дека минатата година својот најдобар полумаратон во кариерата Завировски го истрча во Подгорица со резултат 1:17:10. Претходно трчаше 2014 година тогаш патеката ја мина за 1:23:10, а пак во 2015 година нашиот  Завировски оствари резултат од 1:19:24