Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар го наполни кошот на Црн Дрим, постигнавме 111.поени (Видео)
КК Вардар го наполни кошот на Црн Дрим, постигнавме 111.поени (Видео)

КК Вардар го наполни кошот на Црн Дрим, постигнавме 111.поени (Видео)

Вчера, КК Вардар во дуел со Црн Дрим на домашен терен оствари висока победа со убедливи 111-55, нашите момци одиграа одличен дуел, како минуваа периодите бевме се подобри и подобри. Честитки за тимот и тренерот Јованчев за одличниот натпревар.

Натпреварот започна на почетокот изедначено по 7.минути кошарка во „Кале“ резултатот беше реми, 13-13. Момците на Јованчев Александар ја преземаа иницијативата во финишот на првата четвртина и поведоа со 9.поена повеќе, првите 10.минути завршија со 26-17 за црвено-цените. Успеавме на пауза помеѓу двете полувремиња да заминеме со двоцифрена разлика, бевме тимот кој го диктираше темпото. Па вардарци водеа 52-34 по 20.минути кошарка.

kk-vardar

Вториот дел беше вистинско шутерско шоу на вардаровата екипа,  од минута во минута го газевме ривалот од Струга. Во вториот дел постигнавме 59.поена, наспроти само 21 на стружани во нашиот кош. По крајот на дуелот на семафорот во малата сала при Спортскиот центар „Кале“ стоеше 111:55 за екипата на Вардар.

*Видео од целиот натпревар против Црн Дрим може да го  погледнете ОВДЕ!