Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Утре нов натпревар во СЕХА, Вардар гостува на Војводина
Утре нов натпревар во СЕХА, Вардар гостува на Војводина

Утре нов натпревар во СЕХА, Вардар гостува на Војводина

Екипата на РК Вардар 1961 утре ќе го одигра својот втор натпревар сезонава во СЕХА-лигата. Денес, црвено-црните ќе отпатуваат за Нови Сад, каде утре ќе гостуваат на екипата на Војводина.

Вардар загуби во првото коло на домашен терен од екипата на Нексе, додека за Војводина ова е прв натпревар сезонава во ова натпреварување.

Црвено-црните со триумфот против Пролет, ги „залечија“ раните од поразот со Нексе, па очекуваме и прва победа во рамките на СЕХА. Натпреварите со Војводина посебно на гостински терен секогаш биле неизвесни, па останува да видиме што ќе се случи на утрешниот меч. Стартот е закажан од 17:30 часот.