Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Макпетролци го видоа “црвено-црниот пекол“ Влаќевски- Димитровски се пласираа во финалето
КУГЛАЊЕ! Макпетролци го видоа “црвено-црниот пекол“ Влаќевски- Димитровски се пласираа во финалето

КУГЛАЊЕ! Макпетролци го видоа “црвено-црниот пекол“ Влаќевски- Димитровски се пласираа во финалето

Предмалку заврши полуфиналето во кугларницата Мусандра во кое двајцата играчи на Макпетрол во соочувањата со нашите Димитар Димитровски и Бојан Влаќевски го видоа црвено-црниот пекол. Вардарците се пласираа во големото финале на поединечното државно првенство во куглање.

dime-2

Во сетови Димитровски триумфираше 3-1, тој во првиот сет влезе лошо и имаше само 133 “соборени дрва“ веднаш потоа го покажа вистинското лице. Во следните три сета брилијантно одигра и триумфираше со 3-1. Тој соброри вкупно 631 “дрво“ со кое обезбеди финале. Влаќевски тргна со победа во првиот сет и веќе по три сета се пласираше понатака поведувајќи 2,5 према 0,5. Последниот сет го играше ревиално тој собори 580. Големото финале ќе се игра средната среда на 28/12 , тоа ќе биде големо братско финале.