Вчера на теренот на академијата се одиграа нови контролни натпревари на Вардаровите генерации родени “2005“ и “2008“ година со дечињата од ГФК Неготино, кои повторно прифатија да бидат гости на фудблалскиот клуб Вардар и да спарингуваат со нашите екипи. Двата меча се играа во вечерен термин под рефлектори.
Избраниците на Кралевски од генерација родени “2005“ забележаа нов триумф против Неготино со резултат 6:0. Додека најмладите Вардарчиња родени “2008“ одиграа со нерешен резултат 3:3.
Големо беше задоволството на ГФК Неготино од претстојот на академијата и од пречекот на нашиот клуб. Ова сигурно претставува почеток на едно големо пријателство помеѓу двата клуба, кое во иднина треба да биде уште поголемо. По повод претстојот и гостувањето на академијата на ФК Вардар, ГФК Неготино на својот фб профил го напиша следново:
-“Дефинитивно оваа генерација на Фк Вардар 2005г.е најдобрата во нашата држава. Овие дечиња играат вистински фудбал, размислуваат во играта како возрасни фудбалери, брзо полетно со најмногу два додира со безброј пасови со многу креативност и најважното дисциплина во играта. Секоја чест на децата, но капата доле и за нивниот стратег нашиот колега и добар пријател Игор Кралевски. Благодарност и до Фк Вардар Скопје за гостопримството бидејќи нашите членови се осеќаа како дома“.
Нема многу одмор за нашата најактивна генерација од “2005“ кои денес ќе одиграат нов контролен натпревар. На академијата од 18 часот ќе гостува екипата на Скупи, додека во петок од 19 часот уште една контролка за нашите млади надежи, овој пат против Постолов Пандев од Струмица.