Во македонското куглање е пауза по крајот на сезоната 2016/2017, оваа прилика ја користат кугларите за да учествуваат на силни меѓународни поединечни турнири. Двајца вардарци, браќата Димитровски, Дарко и Димитар денес патуваат за Хрватска на силен меѓународен турнир.
Тие ќе настапат на турнир во Ожаљ, Хрватска во текот на утрешниот ден, петок 16-ти јуни. Тоа е последен ден од квалифинацискиот дел на истиот. Ден потоа, 17-ти јуни, сабота се игра финалето на овој силен меѓународен турнир. Покрај Дарко и Димитар за Ожаљ патува и поранешниот вардарец, играчот кој зимово од Вардар направи трансфер во хрватското куглање Бојан Влаќевски. Нашите момци се оптимисти пред настапот на овој турнир, особено добар настап очекуваме од Димитар Димитровски човек кој деценија и повеќе е најдобар во овој спорт во Република Македонија.