Фудбалерите на ФК Вардар вчера почна со првата етапа од подготовките за она што ги очекува, настап во квалификациите од Лигата на шампионите. Ривалот во двомечот од треттото коло црвено-црниот фудбалски колектив ќе го дознае на 19 јуни, по доаѓањето на екипата на подготовки во Австрија. Трета сезона по ред Вардарци ќе играат во ЛШ, капитенот Грнчаров како што вели за официјалниот клубски сајт посакува да биде трета среќа и зборува за неговите желби во ждрепката.
Трета година по ред играме квалификации во Лигата на шампионите. Не успеавме минатите две години да поминеме, и се надеваме дека оваа година ќе успееме. Мислам дека после тоа второ квалификациско коло, потоа ќе ни биде полесно. Затоа е многу важно да се мине оваа прва фаза. Се надевам дека ова година ќе биде трета среќа. Во спротивно се што сме работеле минатата сезона ќе биде залудно. Најважно е клубот да оди напред и да се остане што повеќе во Лигата на шампионите.Сите противници се квалитетни, бидејќи сите се шампиони во своите земји. Посакувам само да се избегнат неколку екипи како АПОЕЛ, Лудогорец, Салцбург и Селтик. Со другите мислам дека ќе се бориме и ќе се надигруваме. Затоа е многу важно добро да се подготвиме сега за тој предизвик.