Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Летниот преоден рок почнува за пет дена, Вардар го задржува поголем дел од ростерот

Куглање! Летниот преоден рок почнува за пет дена, Вардар го задржува поголем дел од ростерот

Зад нас е сезоната во кугларската лига и Куп, на сила е летната пауза во овој спорт. Следна активност е идниот преоден рок кој започнува за само пет дена. Според информацијата од Кугларската федерација на земјава летниот  преоден рок почнува на 20.06.2017 година и ќе трае до 12:00ч на 30.06.2017 година.

Во црвено-црниот кугларски колектив не се очекуваат драматични промени на ростерот во овој рок. На нивната страница веќе потврдија дека Георг Поп-Крстев и Марјан Згонц ќе продолжат со Вардар и во идната сезона. Сигурни се браќата Дарко и Димитар Димитровски кои воедно се и на раководните места во управата на тимот. Вардар ќе го задржи поголем дел од ростерот, се очекува најмногу едно заминување и едно до две нови имиња може да очекуваме во нашиот тим во овој преоден рок.