Изминатиот викенд заврши првиот круг во Македонската кугларска лига, по крајот на истиот стандардно беа објавени поенинечните просеци на играчите кои настапуваат во шампионатот. Во идеалниот топ-6 состав имаше место за еден вардарец, Дарко Димитровски. Тој одигра досега четири натпревари, во нив има просек 567,5 што беше доволно за овој пласман. Најдобар пласман понего од црвено-црните има Влатко Стојановски кој со 551, 7 е во топ-10 делот. Во продолжение целото рангирање.