Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Каменица: Се надевам на поинаков однос на силите в сабота и со оптимизам гледам на овој дуел
Каменица: Се надевам на поинаков однос на силите в сабота и со оптимизам гледам на овој дуел

Каменица: Се надевам на поинаков однос на силите в сабота и со оптимизам гледам на овој дуел

Трет пат сезонава ќе се сретнат екипите на ППД Загреб и Вардар, а ова ќе биде нивни втор меѓусебен дуел во рамките на лигата на шампионите. На првиот дуел одигран во Скопје, Европскиот шампион славеше убедливо, а пред тоа противникот го совладавме на меч во СЕХА-лигата. Кој ќе го добие третото соочување оваа сезона, ќе добиеме одговор во сабота, кога се игра натпреварот во арената во Загреб, со почеток од 20:00 часот. Тренерот на ППД Загреб, Касим Каменица повторно гледа со оптимизам во пресрет на овој дуел и се надева дека ќе биде поинаков од претходните два натпревари на овие две екипи.

-Минавме две тешки гостувања и ни следат мечевите со Вардар и Рајн Некар Левен, два тима кои играат значајна улога во нашата група од Лигата на шампионите. Вардар е феноменален во фаза на одбрана, а го имаат и Штербик. По репрезентативната недела имаме одредени проблеми со повредени ракометари, но ќе направиме што е во наша моќ да дојдеме до победа. Ги загубивме двата натпревари во Скопје со по седум разлика. Се надевам на поинаков однос на силите в сабота и со оптимизам гледам на овој дуел, истакна Каменица.