Јонас Елиасон и Антон Палсон од Исланд се делегирани да ја делат судиската правдата на натпреварот во сабота во Загреб на кој се среќаваат тимовите на ППД Загреб и нашиот Вардар.
Вардар на овој натпревар ќе се обиде со победа да ја задржи лидерската позиција во својата група, додека пак тимот на Загреб сигурно ќе сака да му го нанесе првиот пораз на нашиот тим оваа сезона во Лигата на шампионите.
Овој натпревар на овие две екипи ќе биде одигран во сабота со почеток во 20-00 часот. ЕХФ делегат на овој дуел ќе биде Пожесник од Словенија.