Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Без Лекиќ и Бајрамоска против ФТЦ

Без Лекиќ и Бајрамоска против ФТЦ

ЖРК Вардар отпатува за Будимпешта ќаде во сабота ќе го одигра петтиот дуел оваа сезона во Лигата на шампионите. Пред вардарки е најтешкото гостување оваа сезона, тимот на ФТЦ на домашен терен игра добро, па сигурно ќе се обидат да му го нанесат првиот пораз сезоната на Вардар.

На овој натпревар нашиот тим ќе биде драстично ослабен бидејќи нема да настапи Андреа Лекиќ. Средниот бек на Вардар сеуште ја лечи својата повреда. Покрај Лекиќ, во ростерот нема да биде и на овој натпревар ниту Мирјета Бајрамоска.

Вардар досега има три одиграни дуели со овој противник, имаат забележано две победи и едно реми. Натпреварот во сабота ќе започне со почеток во 13:30 часот.