Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дибирова: Мора да играме сконцентрирано во текот на целиот меч со ФТЦ Будимпешта
Дибирова: Мора да играме сконцентрирано во текот на целиот меч со ФТЦ Будимпешта

Дибирова: Мора да играме сконцентрирано во текот на целиот меч со ФТЦ Будимпешта

Во сабота, европскиот вицешампион го очекува натпреварот од петтото коло во групата Ц од лигата на шампионите. Противник ќе ни биде добро познатиот тим на ФТЦ Будимпешта, кој го совладавме на првиот дуел одигран во С.Ц. Јане Сандански. Ова е меч кој го даде прашањето која екипа ќе заврши како првопласирана во групата и колку бодови ќе се пренесат во следната групна фаза. На патувањето во Унгарија ќе отпатуваме без Лекиќ и Бајрамовска. Тренерот на Вардарки, Ирина Дибирова за официјалниот сајт на клубот изјави дека не очекува тежок натпревар, после триумфот на ФТЦ против Ѓер овој противник е во налет и добра форма.

-Не очекува тежок меч. ФТЦ сега е во налет и осоколени откако го победија во домашното првенство и тимот на Ѓер. Ние сигурно ќе бараме начин како да ги сопреме нивните најдобри ракометарки, Сучански, Ковачиќ и Пена. Спремни сме, правевме добра анализа. Ќе ни недостасува многу Лекиќ. На тој меч во Скопје Лекиќ одигра многу добро. Ние ќе треба да играме концентрирано во текот на целиот меч.