Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Давид Димевски: Највпечатливо од “Јуниор“ лигата се самите натпревари, како и одличната организација, која ни дава можност да напредуваме
Давид Димевски: Највпечатливо од “Јуниор“ лигата се самите натпревари, како и одличната организација, која ни дава можност да напредуваме

Давид Димевски: Највпечатливо од “Јуниор“ лигата се самите натпревари, како и одличната организација, која ни дава можност да напредуваме

Пред две недели стартуваше третата сезона на ракометната “Јуниор“ лига, големиот проект на ракоментиот клуб Вардар. И оваа сезона ќе се натпреваруваат школите во машка и женска конкуренција, во различни возрасни генерации, а на крајот на завршните турнири ќе ги дознаеме победниците. “Јуниор“ лигата треба да донесе многу возбудувања, квалитетни натпревари, дружење на ракометните школи и секако едно поголемо искуство за младите ракометари. Ова ќе биде втора сезона во оваа лига и за Давид Димевски, кој е дел од ракометната школа Карпош од Куманово, каде игра за генерацијата родени 2004/05 година. Токму во наредново интервју Давид ќе не запознае со неговите почетоци во ракометот, впечатоците од “Јуниор“ лигата и работата со школата РК Карпош.

23432274_1505687076135941_1670833086_o

-Бидејќи мојот татко се занимавал со ракомет,од мали нозе и јас одлучив да пробам да тргнам по неговите стапки. Мојот прв почеток беше случајно, во Октомври 2015 кога со татко ми одлучив да пробам да видам дали ќе се снајдам во ракометот,и се запишавме во РК КАРПОШ КУМАНОВО. За првпат почнав да играм на зимскиот турнир ” Еден живот една љубов ” во јануари 2016 првпат запловив во тие води. Моите први тренери со кои се сретнав првпат во ракометот беа: Миодраг Јовановски (црни), Љубиша Димковски, Александар Јанчиќ.

vardarfans-dimevski

Давид знае како е да се натпреварува во “Јуниор“ лигата, со оглед дека ова е за него втора сезона во ова натпреварување. Вели дека лигата им дава можност да напредуваат, да се надоградуваат со нови знаења од ракометната игра и да стекнуваат поголемо искуство кое е неопходно за понатамошниот период од играчката кариера.

-Ова ми е втора сезона во “Јуниор“ лигата. Највпечатливо ми е натпреварувањето и организацијата на лигата што се натпреваруваме да одиме напред, која исто така би ми било отскочна даска во која си се пронаоѓам самиот себе и да напредувам што е можно повеќе. “Јуниор“ лигата исто така ни помогна да се развиеме во подобри играчи затоа што од натпревар во натпревар сите се повеќе се зајакнувавме. Мислам дека е одличен начин за откривање нови, млади, ракометни таленти. Истата има огромно значење за мене и мојот тим, со секоја победа и пораз во лигата се повеќе се изградуваме како личности и ги осознаваме вистинските вредности во животот.

23435327_1505695696135079_1967507017_n

РК Карпош од Куманово располага со добри тренери, со големо искуство, како и личности кои биле поранешни репрезентативци. Една од нив е Наташа Младеновска Ѓорѓиевиќ која е поранешна репрезентативка и член на неколку клубови од Македонија.

-Три пати во неделата тренираме и имаме натпревар еден ден. Благодарение на моите тренери кои ме тренираат сега: Миодраг Јовановски (црни), Наташа Ѓорѓиевиќ- Младеновска и Марјан Јаневски. Имаме чест и привилегија да учиме од нив и среќни сме што ги имаме за тренери. Нивната посветеност и поддршка ни дава само мотив повеќе и поттик да работиме напорно и да ги оправдаме нивните очекувања.

Звонко Ивановски