Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Димитровски Дарко со најдобар скор во 10.коло, место во топ-6 и за Згонц и Димковски
Куглање: Димитровски Дарко со најдобар скор во 10.коло, место во топ-6 и за Згонц и Димковски

Куглање: Димитровски Дарко со најдобар скор во 10.коло, место во топ-6 и за Згонц и Димковски

dare

Зад нас е целата сезона во МКЛ, откако  се одигра последното, 10  коло. Во истото Вардар беше домаќин во дербито за 3тата позиција на КК ГТЦ. Повторно драма, веќе не се бројат шокантните натпревари против ГТЦ , повторно одлука во последна кугла за победник и за пласман на трето место во МКЛ. Избраниците на Драги Димитровски, дојдоа до многу важна победа во дирекната битка со ривалот. КК Вардар  победи со вкупен резултат 6:2(13:11,  3118:3115)

Кога сме кај листата на топ-6 најуспешни куглари во ова коло, црвено-црниот тим има половина од најдобрите односно тројца. На врвот на листата сосема заслужено е Дарко Димитровски кој зад своето име има скор од 563 “соборени дрва“ што беше повеќе од доволно за првата позиција на топ-6 изборот. Место имаше на листата и за Марјан Згонц кој е на 4.позиција (537), место зад него е искусниот Миле Димковски, капитенот на црвено-црните имаше скор од 526.

Следен предизвик за момците на Драги Димитровски е Купот на Република Македонија кој ќе се игра на 1.јуни кога е предвидено да се одиграат квалификациите.