Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Димитровски Дарко во Битола одиме на победа за остварување на целта – освојување сите домашни пехари

КУГЛАЊЕ! Димитровски Дарко во Битола одиме на победа за остварување на целта – освојување сите домашни пехари

dare

Денес почнува новата сезона 2015/16 во македонската кугларска лига која ќе има шест учесници оваа сезона. Избраниците на Драги Димитровски денес во премиерното лигашко коло гостува во Битола кај тимот на КК Хераклеа. Вардарци одат на освојување на првите бодови сезонава во овој исклучително  тежок меч на гостински терен. Младиот куглар, а воедно подпреседател на кугларскиот црвено- црн колектив  Дарко Димитровски за Вардар фанс даде оценка за тежината на првиот дуел сезонава, ги презенираше амбициите за оваа сезона во МКЛ . Дарко во изјавата вели :

-Веќе на сам старт ќе се сретнеме со исклучително тежок противник кој со години им создава главоболки на сите екипи од МКЛ при нивносто гостување во Битола. Покрај тешката застарена кугларница која е адут на битолчани, сепак имаат и квалитетна и искусна екипа која може секого да победи на свој терен. И шампионски тимови потклекнувале на нивниот терен и во жешката атмосфера. Сепак, ние одиме на победа за да го потврдиме нашиот статус на екипа со шампионски амбиции. Кога сме кај амбициите , тие останаа непроменети во однос на претходната сезона, дури и малку засилени- а тоа се освојување на сите можни титули во домашното првенство. Повод за тоа се засилувањата на тимот кои не беа во можност да ни помогнат целосно во претходната сезона, како Влаќевски и Донковски. Квалитетните поединци како и одличниот тимски дух ни даваат за право да се надеваме на најголеми успеси. Екипата веќе подолго време е во максимален тренажен процес, формата нон стоп оди во нагорна линија и очекувам тоа да се претвори во добар резултат на гостувањето против КК Хераклеа.

Вардар уште на почетокот на август ја старуваше сезонава, во подготовките нашите момци се подготвуаа пред се за првиот годинашен предизвик НБЦ-купот. По одличниот настап на истиот следеше долга пауза се до ова прво коло го запрашавме Димитровски Дарко за искуството на европскиот НБЦ-куп, за моменталнта форма:

Секако дека доцниот старт на лигата оставаше неизвесност и беше причина за олабавување на играчите, но донекаде и добро ни дојде продолжениот тренажен процес. Добивме на време да ги исправиме сите наши слабости кои секогаш се појавуваат на почеток на сезоната. НБЦ купот во Австрија е едно големо искуство плус за сите кои имаа можност да настапат. Секое европско натпреварување е одлична можност да си ги провериме силите со силните европски клубови, да се почувствува атмосферата на силен меѓународен натпревар и да не направи посилни за следните искушенија. Иако речиси целиот играчки кадар на Вардар е искусен на ова поле, секој нов настап има свој посебен шмек. За мене лично настапот многу позитивно делуваше на мојата самодоверба која беше малку загубена поради паузата од таквите интернационални настапи. Верувам дека сите Вардарци кои беа таму го делат моето мислење. Плус што неколкудневното 24 часовно дружење меѓу играчите допринесе за уште поголема хемија во екипата.- Изјави  Дарко Димитровски за вардарфанс.мк.