Темелков од Кавадарци ќе ја дели правдата на мечот Вардар и Ренова
Posted by: М.Т - Лико
28/11/2015
in Прв тим, ФК Вардар
Фудбалската федерација на земјава го делегираше судијата Зоранчо Темелков од Кавадарци за да ја дели фудбалската правдата на претстојниот лигашки неделен меч. Во недела на програмата е 16-то коло во Првата фудбалска лига, Вардар ја пречекува тетовска Ренова. Овој дуел е ќе се одигра на Националната Арена „Филип Втори“ со почеток во 13-00 часот.
На Темелков на дуелот во кој црвено-црните ќе се соочот со ФК Ренова ќе му помагаат помошниците Горан Манасиев и Петар Новачев- двајцата од Велес. ФФМ за четврти судија на мечот одлучи дека ќе биде Ице Тошев од Кавадарци. Темелков оваа сезона последен пат му судеше на Вардар во 11.коло на домашен термин во дербито против Шкендија, кое заврши 0-0.
2015-11-28