Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Попов: Ме навредуваа на национална база, а потоа монтираа дека јас сум навредувал
Попов: Ме навредуваа на национална база, а потоа монтираа дека јас сум навредувал

Попов: Ме навредуваа на национална база, а потоа монтираа дека јас сум навредувал

Нашиот играч Горан Попов на натпреварот против Шкендија доби директен црвен картон при еден дуел со Тодоровски. По низата обвинувања, Попов реши да излезе со изјава околу целата ситуација. Ви го пренесуваме истото од fkvardar.mk

По медиумите читав секакви коментари, што не го правам често. Јас самиот си знам што се случуваше на теренот, се сметам за искусен играч и сум играл во повеќе првенства. Ваков прекршок на пример, во Премиер лигата, каде што имам играно, не се санкционира со толку строга казна. Противничкиот играч брзо се доближи до мене и беше спремен за дуел, јас сметам дека доследно одговорив на тоа и максимум што требаше да добијам беше жолт картон. Прочитав и дека сум употребил и лакт, но и сами можат да видат од снимката дека влегов во дуелот со рамо и тоа никој не може да го побие затоа што има доказ. По овој натпревар се чувствувам оштетено затоа што судијата успеа за 30 минути да досуди два црвени картони за прекршоци што не постоеја“, вели Попов.

Исто така сакам да споменам дека додека излегував од теренот бев повеќе пати навредуван. Прво од управата на Шкендија, а потоа и од трибините ми довикуваа дека сум бил најголемиот „индијанец“ во македонскиот фудбал. За на крај да се појават монтирани видео снимки на кои тврдат дека јас сум ги навредил противничките играчи на етничка база. Тоа се глупости. Јас сум професионалец и никогаш не сум потценил никого, имам пријатели од сите националности со кои сме играле заедно и во репрезентацијата. Затоа велам дека тоа нема никаква врска и дека никогаш не сум пробал да навредам некого на таков начин“, додаде Попов.

Поддршка за Горан Попов, кој на овој натпревар беше навредуван од сите страни.