Поради црвените картони на натпреварот против Шкендија, првотимците на ФК Вардар, Попов и Хамбарџумјан ги очекува казна од ФФМ. Едно е јасно, и двајцата нема да можат да им помогнат на своите соиграчи на неделниот натпревар против Ренова во ПМФЛ.
Попов за жал, го очекува поголема казна поради црвениот картон, додека пак ерменскиот играч, би требало да добие помала казна. Останува да видиме што ќе одлучи дисциплинската комисија на ФФМ.