Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Александар Стојчевски: Секогаш може подобро и во тој правец ќе се стремиме јас и мојата екипа во вториот дел од сезоната
Александар Стојчевски: Секогаш може подобро и во тој правец ќе се стремиме јас и мојата екипа во вториот дел од сезоната

Александар Стојчевски: Секогаш може подобро и во тој правец ќе се стремиме јас и мојата екипа во вториот дел од сезоната

Младинците на Рк Вардар со триумф го финишираа првиот дел од  сезоната. Во својата група каде се натпреваруваат, одиграа натпревар со екипата на Работнички, кој го добија убедливо со резултат 21:31. Во текот на целиот дуел имавме константна предност, која во ниту еден момент не беше загрозена од противникот. Имавме и најголема позитива од 15 голови, но Работнички во финишот се погрижи за намалување на водството. Ова беше вкупно четврта победа за оваа екипа, која има и два порази. Најефикасни на вчерашниот дуел беа Александар Стојчевски и Стефан Чакалиќ, кои постигнаа по 6 голови.

-Со оглед на тоа што беше последен натпревар од оваа полусезона го дадовме нашиот максиум и можам да кажам дека сме задоволни од нашата игра. Со победата над Работнички успешно го заокруживме првиот дел од сезоната. Еден од главните фактори за конечниот триумф беше добрата одбрана која ја одигравме и трпеливоста во нападот да постигнуваме голови од изградени позиции. Што се однесува до мојот придонес, задоволен сум, како и на секој претходен натпревар го дадов мојот максиум. Секогаш може подобро и во тој правец ќе се стремиме јас и мојата екипа во вториот дел од сезоната, изјави Александар Стојчевски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски.