Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фк Вардар не го сака повеќе Ставрев, како главен судија на своите натпревари
Фк Вардар не го сака повеќе Ставрев, како главен судија на своите натпревари

Фк Вардар не го сака повеќе Ставрев, како главен судија на своите натпревари

По повод вчерашните случувања во рамките на првиот 1/4 дуел од купот на Македонија помеѓу екипите на Вардар и Шкендија, фудбалскиот клуб Вардар преку својот официјален сајт излезе со соопштение во врска со делегирањето на главниот судија Ставрев. Знаеме дека на мечот кој Шкендија го доби со резултат 3:0, двајца наши играчи мораа предвреме да го напуштат теренот поради црвени картони,  драстично ослабнувајќи го на тој начин нашиот шампион. Ви го пренесуваме целото соппштение на фудбалскиот клуб Вардар:

Како предводници и луѓе кои одвојуваат време и пари за доброто на Вардар, по вчерашното скандалозно делење на правдата на Александар Ставрев, јавно прашуваме кому му пречи ваков Вардар – организиран, квалитетен и со поглед кон Европа? Зошто некому сме му трн во окото и тоа откако успешно ги реализираме сите наши најавени проекти, пред сѐ кампот во Хиподром и Академијата во Градскиот парк. Се исплаши ли некој во ФФМ од моќен Вардар, дали некому му пречи популарноста на нашиот клуб па сега сите фрустрации морат да бидат излечени на нашиот грб? Сте се излажале ако мислите дека ќе успеете да нѐ тргнете од патот по кој цврсто сме решени да чекориме!

Чест, гордост и предизвик преставува да се менаџира ФК Вардар. Низ историјата минале многу раководства и претседатели, сите со различни гледишта, но со иста цел ­ опстанок на светото име Вардар. Големината на нашиот клуб отсекогаш носела и противници, луѓе кои сакале да му наштетат на името, на честа и конечно – на светоста на клубот.

Сериозна задача е пред нас, во време кога клубот по многу долги години е финансиски стабилен, со јасно определена цел на професионален план, со инвестиции во инфраструктурата за сите возрасни категории. Имаме и сениорски тим, со шампионски и сериозни европски амбиции, поради што токму сега, безрезервно и бескомпромисно треба да им застанеме на патот на сите оние кои сакаат да му наштетат на нашиот клуб.

Скандалозното однесување на нарачателите од  „Куќата на фудбалот“, повикува на мобилизација и на обединување на сите оние на кои Вардар им е при срце.  Оваа менаџерска структура ја претставува и армијата вљубеници во клубот и илјадниците навивачи, па заеднички сакаме да искажеме револт кон судиската тројка предводена од нашиот „најдобар“ интернационален судија, кој нѐ оштети на вчерашниот меч против Шкендија од Купот на Македонија.

Велиме најдобар во наводници, зашто по којзнае кој пат си дозволи да си поигра со честа на нашиот клуб од причини познати само нему.  Не ни се верува дека интернационален судија со 70 (СЕДУМДЕСЕТ!) отсудени  меѓународни натпревари не може да се носи со еден ваков натпревар од висок ризок. Или, пак, не сакал да ја дели правдата правично, што дефинитивно би било сериозен проблем, кој бара и сериозна анализа.

Ставрев, вчера, на најдрзок начин, дали по нарачка од некого или по негова слободна волја, целосно ја уништи играта на Вардар, умно ја спречуваше секоја можност нашите фудбалери да ја развијат играта на теренот. Досудувањето на прекршоците е  приказна сама за себе. Стартовите кои ги правеа домашните фудбалери беа несанкционирани, а нашите прекршоци беа казнувани со жолт картон уште од прва и тоа на арогантен начин во стилот „знаете ли кој сум јас..“. Згора на тоа, не сакаме ниту да помислиме што ќе беше ако напиот голман Томе Пачовски вратеше на грдите пцости од страна на помошникот Дејан Костадинов. Каде се наоѓаме ние? Во Зимбабве? Па на таков налин да ги воспитуваме фудбалерите…

Снимката од прекршокот на Хамбарџумјан, кога го доби првиот жолт картон (петта минута), говори сама за себе за пристрасноста на Ставрев, а со вториот, пак, доделен  за најнормален воздушен дуел какви што има безброј на секој меч, ја откри својата пристрасност и желба да му напакости на Вардар.

Никако не го оправуваме однесувањето на Горан Попов откако заработи директен црвен картон, тоа однесување е недозволиво и срамно, но ја разбираме неговата реакција на исклучувањето за старт за кој најмногу може да биде санкциониран со жолт картон.

Голема е штета што натпреварите од Купот на Македонија не се пренесуваат на националниот ТВ сервис, ФФМ веројатно има своја причина и за тоа, па малкумината што го гледаа мечот од Чаир на видео стримовите, можеа да се уверат во калкулантското судење на Ставрев во текот на целиот натпревар. Затоа, ние ја објавуваме оваа видео-снимка, полна со судиски грешки, за да може јавноста да се увери на каков перфиден начин сме оштетени на првиот четвртфинален меч и речиси отпишани од борбата за влез во полуфиналето од нашето најмасовно натпреварување.

Поради сѐ наведено во соопштението, бараме под итно:  ФФМ и Судиската комисија внимателно да го разгледаат видео – материјалот од натпреварот и да донесат праведна одлука во однос на делењето на правдата на натпреварот. Бидете претпазливи каква одлука ќе донесете – бидејќи ние ќе истраеме во битката за правдата и нема повеќе да молчиме. Наша обрска е да го заштитиме клубот и затоа ќе возвратиме на најсилен можен начин. Не ни значи ништо ако му дадете слаба оценка на Ставрев, бараме најостра казна за него и никогаш повеќе да не биде делегиран на натпреварите на Вардар.

Секако на крај, сакаме да се заблагодариме на професионалниот однос на управата на Шкендија, која на највисоко професионално ниво го организираше натпреварот. Ветуваме дека веќе в среда ќе возвратиме на ист начин.

Клубот пренесува видео од вчерашното делегирање на судијата Ставрев.