Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Работнички лесен “залак“ за младинците на Рк Вардар
Работнички лесен “залак“ за младинците на Рк Вардар

Работнички лесен “залак“ за младинците на Рк Вардар

Вчера во спортскиот ракометен центар Кале се одигра одигра последното коло од првиот дел на сезоната, во рамките на ракомената младинска група 1. Младинците на Рк Вардар кои ги предводи тренерот Чивлачки со триумф го завршија овој дел од сезоната, против екипата на Работнички. Противникот условно беше домаќин на овој дуел, кој заврши со голема победа на црвено-црните со резултат 21:31.

Во првите десет минути се играше доста израмнет натпревар на двете страни, резултатот во тој дел од мечот гласеше 5:5. Следува серија на младите Вардарци, за прва позначајна и осетлива предност од 5:8. Како одминуваше првиот дел, нашите ракометари играа се подобро. Во овој дел од дуелот, нашата цврста одбрана дојде до целосен израз, на минута пред истекот на 30-те минути имавме највисоки 10:15. Во последниот напад Работнички постигна гол, за на одмор да се замине со резултат 11:15.

Во второто полувреме, во првите седум минути домаќинот на овој дуел успеваше некако да ја држи оваа негатива од 4-5 голови и не дозволуваше уште на стартот на вторите 30 минути Вардар да го реши победникот. Сепак Работнички како да немаше повеќе сили да се спротистави на црвено-црниот состав, кој повторно прави нова серија, овој пат многу голема. При резултат 14:18, неверојатно но вистинито Вардарци го направија завршниот јуриш кон големата убедлива победа. Следува период во кој постигнуваат десет последователни голови за веќе недостижно водство од 14:28. Противникот не успеаа цели десет минути да го погоди нашиот гол. Во последните шест минути дојде до мало олабавување во нашит тим, што му овозможи на противникот да ја намали негативата на десет голови. Конечниот резултат гласеше 21:31. Најфикасни во редовите на Вардар беа Александар Стојчевски и Стефан Чакалиќ кои постигнаа по 6 голови.  Со овој натпревар, втората младинска екипа покрај онаа на Зоран Петковски, го заврши првиот дел од сезоната во својата група со четири победи и два порази.

Рк Вардар: Ставровски, Босиловски 1, Стојчевски 6, Овнарски 3, Чакалиќ 6, Јаховиќ , Барлаковски 3, Блажевски, Николов 2, Мицаноски 2, Бабанов, Мишевски 3, Кочаров, Давчев 1, Симевски 1, Хаџидимовски 3.