Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Продолжуваат настапите во првата ракометна лига за Рк Вардар 2, следен противник е Куманово
Продолжуваат настапите во првата ракометна лига за Рк Вардар 2, следен противник е Куманово

Продолжуваат настапите во првата ракометна лига за Рк Вардар 2, следен противник е Куманово

Во сабота со почеток од 20 часот во спортскиот ракометен центар Кале, екипата на Рк Вардар 2 го пречекува Куманово во рамките на првата ракометна лига. После пауза од недела дена, поради настапот на кадетската ракометна репрезентација на балканското првенство во Бугарија, избраниците на Стојан Петрушевски се враќаат на своите мечеви во првенството.

Одложеното коло со екипата на Текстилец поради споменатите причини дополнително ќе се одигра во термин кој ќе биде одреден. На утрешниот дуел против Куманово, црвено-црните се големи фаворити и не би требало да имаат посериозни проблеми да ја забележат деветтата победа во лигата. Противникот моментално е на предпоследното место со само четири освоени бодови. Вардарци пак го заземаат второто место, со вкупно 24 бодови, пред нив е само ХЈС Работник кој има и натпревар повеќе од нашите момци. Овие две екипи се издвојуваат на врвот на табелата и се сметаат за најголеми претеденти за влез во најквалитетната ракометна супер лига. Само како загревање избраниците на Петрушевски вчера одиграа контролен натпревар со женската сениорска репрезентација, против кој заележаа убедлива победа со резултат 34:27.