Нашиот помлад женски состав во суперлигашката конкуренција, Жрк Вардар јуниор утре ќе гостува во Прилеп кај истоимената женска ракометна екипа. Овој дуел за избраничките на селекторот на A-селекцијата на Македонија и кормилар на младите вардарки Симе Симовски е меч во рамките на 8.коло од единствената женска ракометна лига во нашата земја.
Нашите девојки се фаворитки на дуелот кај ЖРК Прилеп кој по одиграни 7 кола има 3 победи и се наоѓа на 4-та позиција на табелата во “Скопско супер лигата“. Младите Вардарки имаат максимални 18 бода на одиграните за нив досега 6 меча и се на делбата на првите две позиции со екипата од скопската населба Автокоманда, но тимот на Металург има одиграно еден меч повеќе од црвен0-црните досега.
Девојките оваа недела го дознаа и својот противник во 1/8финалниот двомеч во Челинџ купот, тоа е српскиот преставник ЖРК Минаква Војводина. Нашите девојки одлично тргнаа во овој европски куп каде со двете победи над Лондон во 3.коло обезбедија место во 1/8 финалната пресметка.