Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО) КУП: Ставрев го десеткуваше Вардар, Шкендија 3 пати погоди
(ВИДЕО) КУП: Ставрев го десеткуваше Вардар, Шкендија 3 пати погоди

(ВИДЕО) КУП: Ставрев го десеткуваше Вардар, Шкендија 3 пати погоди

Видео од вчерашниот меч за заборав одигран на теренот во скопската населба Чаир помеѓу двата црвено-црни состави од Скопје и Тетово. Дуелот на двете најмоќни и најбогати екипи во македонскиот клупски фудбал заврши за жал со убедлива победа на тетовска Шкендија од 3-0, а резултатот по првите 45 минути беше 2-0.

Гоце Седлоски на овој дуел стартуваше со следниве играчи : Пачовски, Попов, Мијушковиќ, Грнчаров /Новак од 46минута/, Блажевски, Глигоров, Стојков /Брдаровски од 28 минута/, Хамбарџумјан, Николов, Ромеро ,/Љамчевски од 44 минута/и  Фелипе. Главниот судија Ставрев  реши од дерби дуел да направи обична “лакрдија“ , тој покрај 6-те жолти картони за вардарци не остави со два играчи помалку во поле по доделувањето на црвените  картони на  Хамбарѕумјан во 25 минута и на  Горан Попов во 39 минута. Само од себе се поставува прашањето како најдобриот Македонски судија одсуди меч на така лошо ниво и со толку тендециозни одлуки против едната екипа, кои и отворија целосно пат на другата до убедлива победа. Шкендија ја искористи оваа шанса што и се укажа со два играчи повеќе и отиде на одлични за нив 3-0 на овој куп меч.

Реванш дуелот помеѓу истите екипи  ќе биде одигран на 2 декември, со почеток од 13 часот на Арената “Филип втори“ . Видеото од головите погледнете ги ТУКА.