Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Португалците Сантос и Фонсека судиска двојка за мечот со Киелце
Португалците Сантос и Фонсека судиска двојка за мечот со Киелце

Португалците Сантос и Фонсека судиска двојка за мечот со Киелце

Европската ракометна федерација ги одреди двата арбитри за утрешниот меч кој ќе се одигра во Полска, помеѓу домаќинот Киелце и нашиот црвено – црн шампион. ЕХФ за мечот од 9.коло во Лигата на шампионите ги делегираше португалските судии Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека . Овој дуел за свој ЕХФ-делегат го има Јиржи Конекни, кој доаѓа од Чешката република. Вардарци, а и ние се надеваме на понеутрална и корекна арбитража после “лакрдијата“ што ја имаше данската судиска двојка на последниот меч во Скопје кога гостуваше европскиот и шпански шампион, екипата на Барселона.

Мечот со Киелце е закажан со почеток во 16-00 по македонско време, а возбудувањата  од истиот ќе може да проследиме низ директен телевизиски пренос на македонската радио и телевизија. МТВ ќе врши пренос на својот прв програмски канал, пред почетокот стандардно ќе може да ја проследите студиската емисија посветена на дуелот во шампионската лига.