Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > Комити > Црвено-црните утре нема да се сами , Комити заминаа за Полска!
Црвено-црните утре нема да се сами , Комити заминаа за Полска!

Црвено-црните утре нема да се сами , Комити заминаа за Полска!

Нашите ракометари нема да се сами за време на утрешниот меч од 9.коло во ЕХФ лигата на европски шампиони. На дуелот со полскот преставник Килце ќе присуствуаат дел од најверните навивачи на црвено – црните ракометари, кои денес со автобуси тргнаа на ова патување. Комити ќе бидат во салата на утрешниот дуел кој почнува според ЕХФ-Распоредот во 16-00 часот, за да дадат максимална поддршка на своите миленици.

Ракометарите утрово заминаа за Полска, се очекува де бидат уште денес таму и вечерва да го одржат единствениот тренинг пред дуелот со тимот кој не исфрли кога бевме на чекор од Ф4 во Келн, во 1/4 финалниот дуел лани.  Сепак одмаздата стигна во Скопје  кога црвено-црните на крилјата на своите Комити, кои имаа создадено прекрасна атмосфера таа вечер го торпедираа тимот предводен од Талан Душебаев. Утрешниот меч стандардно ќе може да го проследите низ директен ТВ пренос на македонската радио и телевизија, на нејзиниот прв програмски канал.