Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Утре во Кале гостува РК Радовиш кај нашиот Вардар Јуниор
Утре во Кале гостува РК Радовиш кај нашиот Вардар Јуниор

Утре во Кале гостува РК Радовиш кај нашиот Вардар Јуниор

Во дуелот кој се игра во рамките од 11.коло, нашите млади момци од Вардар Јуниор ќе ја пречекаат екипата на Радовиш. Мечот ќе се одигра утре (сабота) во Спортско рекреативниот центар “Кале“ со почеток во 18-00 часот. Гостинот како и тимот предводен од Пепи Манасков во досегашните 10 кола имаат половичен успех со по 5 победи и 5 порази, со што собраа и двете екипи по идентични 15 бода што носи пласман на петтата и шесттата позиција од суперлигашката табела.

После изненадувачката победа со засилениот градски ривал РК Работнички, вардарци влегоа во една мала криза со два последовоателни порази. Најпрвин во “Билјанини извори„ беа поразени од второпласираниот на табелата РК Охрид, а во следното коло забележаа повторно неуспех, овој пат дома со искусната екипа и лидер на табелата РК Металург.  Следен предизвик за нашите момци е дуелот во Битола кај тимот на Пелистер кој имаше лош старт на суперлигашките мечеви и според најавите од таму неколкумина играчи веќе се на “излезна“ врата .