Утрово избраниците на шпанскиот стратег Раул Гонзлез заминаа за Полска каде утре ги очекува дуел од елитната шампионска европска лига со полскиот преставник Киелце. Нашите момци вчера попладне го одржаа последниот тренинг во С.Ц “Јане Сандански “, а вечерва по пристигнувањето во Полска ќе имаат еден тренинг во салата која утре ќе биде домаќин на дуелот од 9.коло во ЕХФ Лигата на шампионите. За жал тренерот Гонзалес на овој дуел неможе да смета на Игор Карачиќ поради повреда, кој остана во Скопје.
Црвено-црните по непријатната “епизода“ во двомечот со шпанскиот гигант и европски шампион Барселона ќе се обидат да освојат бод на гости кај тимот кој дома му нанесоа убедлив пораз со резултат 34-24. Секој бод на гостински терен до крајот на оваа групна фаза е од огромно значење, во борбата за втората позиција од табелата во групата-Б. Табелата за лидер ја има екипата на Барселона со 13 бода, второпласирана е екипата од бундеслигашкото друштво Рајн-Некар исто со 13 бодови , потоа на табелата следат Вардар и Кјелце кои имаат по 10 на третото и на четвртото место.
Важноста на мечот ја знаат и играчите на Вардар така во еден дел од својата изјава капитенот на црвено-црните Лазаров вели : Ќе биде натпревар многу значаен за второто место во групата, а тоа би било малку привилигирано за поповолна ждрепка понатаму во ЛШ. Ние го победивме Кјелце со 10 разлика на домашен терен, така што не е логично да одиме таму со поинаква мисла освен победа. Лазаров исто така вели дека во другиот дел од изјавата дека домаќините ќе се обидат да ни се осветат за двоцифрениот пораз и дека полека но сигурно доаѓа до ривалство помеѓу македонскиот и полскиот тим кое почнува со ланското соочување во 1/4 финалето од шампионската лига. За потсетување дуелот од 9.коло со Киелце на програмата е во сабота со почеток во 16-00 часот.