Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Од утре започнува вардаровата “Јуниор лига“ во машка и женска ракометна конкуренција
Од утре започнува вардаровата “Јуниор лига“ во машка и женска ракометна конкуренција

Од утре започнува вардаровата “Јуниор лига“ во машка и женска ракометна конкуренција

Од утре  28 ноември  ќе почне да функционира Вардар јуниор лигата во машка и женска ракометна конкуренција, по урнек на фудбалската која веќе е во тек и успешно се реализира ширум републиката. Истата е овозможена по  воспоставувањето на соработката со повеќе регионални единици низ земјава кои се дел од Ракометната Академија на Вардар.Ракометната Академија на Вардар ја сочинуваат 21 регионална единица, кои сега се вклучени во систем на натпревари. Речиси во секој град во Македонија имаме своја ракометна единица.

Во лигата во сезоната 2015/2016 ќе учествуваат момчиња и девојчиња поделени во повеќе старосни групи и тоа поделени во следните категории :

- 1998 – 99 – кадети
– 2000 – 01 – постари пионери
– 2002 – 03 – помлади пионери
– 2004 – 05 – мини ракомет
-2006 – 07 – мини ракомет

Во Лигата се натпреваруваат деца кои се членови на Регионалните единици на Ракометната Академија. За оние регионални единици каде нема доволен број на деца да се формира една екипа, ќе биде формирана екипа на Академијата со фузионирање на повеќе регионални единици во една екипа.Приоритет е секое дете да може да игра натпревари и тоа во својата старосна возрасна категорија.Системот на натпреварување е да се игра секој со секого, и потоа се игра Фајнал 4 во сите категории.Планирано е во лигата во сезоната 2015/2016 да се одиграат вкупно 286 натпревари во сите категории.