Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Уништувач на дербито, Ставрев!
Уништувач на дербито, Ставрев!

Уништувач на дербито, Ставрев!

Најдобриот македонски судија, Александар Ставрев, денеска ”потклекна” на Чаир, и буквално го уништи тимот на ФК Вардар. На овој натпревар, екипата на Шкендија направи повеќе прекршоци од нашите момци, а за споредба доби само по некој жолт картон. Првиот црвен картно на Хамбаџумјан, ако беше старт за втор жолт картон, тогаш на секој натпревар, секој тим треба да завршува меч со играч помалку. Уште во првите 15 минути Ставрев го ”осакати” ФК Вардар. Дали Ставрев се заборави, дали Ставрев мислеше дека суди натпревар, каде ќе треба да покаже што е можно повеќе црвени картони за гостинските играчи!? Потоа следуваше и црвен картон за Попов… ајде овој црвен до некаде беше оправдан, но првиот!? доколку не добиеше Хамбарџумјан втор жолт, којзне што ќе се случуваше во играта на теренот.

Се на се, ФК Вардар загуби, но најголем уништувач на овој натпревар беше главниот судија.. кој требаше најмалку да влијае на резултатот на овој натпревар. Но, ништо не е се загубено, одиме на домашен терен по три погодоци. Напред Вардар во срце те носам!