Шкендија со предност од 3:0 ќе го дочека реванш дуелот во рамките на 1/4 од купот на Македонија. Денес се одигра првиот четвртфинален меч на теренот во Чаир и заврши со триумф на противникот. Вардарци на овој дуел добија два црвени картони, откако Ставрев најпрво го исклучи Хамбарѕумјан а потоа и Горан Попов. Еден од играчите на Вардар, кој немаше можност да настапи на денешниот куп дуел е Јасир Асани кој има повреда. Се очекува во наредниве денови да се врати на тренинзите на својот тим. Во изјава за нашиот сајт, вели дека ништо не е загубено и верува дека неговата екипа може да ја анулираа оваа негатива.
-Условите за играње на теренот беа многу лоши, но мора да и честитам на екипата на Шкендија за заслужената победа. Сепак уште ништо не е завршено. Да се потсетиме како беше пред две сезони кога успеавме на арената “Филип Втори“ за 45 минути да имаме предност од 4:1 против истиов противник. Не смееме никако да се откажеме и покрај солидната предност од три гола што ја има Шкендија. Јас верувам во моите соиграчи дека ќе дадеме се од себе да го победиме тимот од Тетово и да ја аналуриме оваа негатива. Треба да сме свесни што не очекува на реванш дуелот, но и спортски да се надеваме дека можеме да се пласираме во 1/2 од купот на Македонија. Верувам дека можеме да направиме “чудо“ во оние 90 минути кои ни претстојат на Филип Втори.
Асани даде свое видување за исклучувањето на Хамбарѕумјан, додекацрвениот картон на Попов не сакаше да го коментира.
Вториот жолт и автоматски црвен картон на Хамбарѕумјан нема никаква врска, тоа покасно преку снимки ќе се анализира и увиди дека немаше никаков контакт. Тука бевме драстично оштетени и ослабени до крајот на дуелот. Сепак пак ќе напоменам верувам во квалитетот на моите соиграчи и се надевам дека Вардар ќе биде екипата која ќе се помине понатаму, изјави Јасир Асани за Вардар фанс.
Звонко Ивановски