Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом. пионери “рушат“ рекорди, без примен гол во лигата повеќе од 800 минути
Пом. пионери “рушат“ рекорди, без примен гол во лигата повеќе од 800 минути

Пом. пионери “рушат“ рекорди, без примен гол во лигата повеќе од 800 минути

Ретко која младинска фудбалска екипа во Европа може да се пофали со импресивни бројки на достигнувања, како нашите помлади пионери. Оваа црвено-црна генерација го заврши првиот дел од сезоната убедливо на првото место без ниеден пораз, притоа остварувајќи десет победи и само еден нерешен резултат. Единствен  кој успеаа да им “откине“ бодови на младите Вардарци беше тимот на Работнички и единствените кој успеаа да ја затресат нашата мрежа во есенскиот дел од сезоната.

За да бидат овие бројки “импресивни“ , служи податокот дека ова се случи уште во првото првенствено коло, кога овие две екипи се сретнаа меѓу себе. Тогаш дерби дуелот кој се одигра на теренот на локомотива помеѓу Вардар и Работнички заврши со поделба на бодовите со резултат 1:1. Иако црвено-црните имаа водство се до 65 минута, кога противникот успеаа да го израмни резултатот, кој потоа се покажа како конечен исход. Од тогаш, па се до последното есенско коло кое финишираше изминатиов викенд, помладите пионери успеаа да наредат дури десет последователни триумфи во првенството, без ниеден примен погодок. Нивната серија без примен гол во својата мрежа трае повеќе од 800 минути. Во наредните десет кола не се најде екипа која можеше да ја затресе мрежата на Матеј Андов и Суфјан Рамадани. Овие двајца чувари на мрежата, потпомогнати од дефанзивната линија која ја предводи капитенот Кристијан Чурлинов заедно со Дамјан Бојковски, Филип Манасиевски и Виктор Мирчевски се главната пречка за противничките играчи да стигнат до голот и мрежата на Вардар. Избраниците на Сашо Јанев како одминуваа натпреварите играа се подобро и покажаа дека првите победи, воопшто не биле случајност. За одбележување се најголемите триумфи од сите Вардарови генерации, во дуелите со Победа (0:5), потоа ривалот Пелистер (7:0), Македонија Ѓ.П (0:8) и најголемиот конкурент за титулата Тетовска Шкендија (4:0). Сигруно “најслатки“ и за паметење се освојувањето на трите бода против екипата на Шкупи, на незгодното и секогаш со инциденти гостување во Чаир. Тогаш нашите момци покажаа карактер на вистински професионалци, кога по се што се случуваше на теренот успеаа да го замолкнат Чаир и со еден единстгвен гол да го решат овој дуел во своја корист.

Во деветтото коло следи уште еден голем момент за оваа генерација, која после првиот неуспех во купот успеаа да застане на “здрави нозе“ и во неизвесен финиш да го реши дербито против Металург со гол во последната минута. Ибрахим Ариф со прекрасен погодок од слободен удар донесе голема радост, речиси на истекот на регуларните 80 минути. Овој погодок беше уште позначаен, бидејќи донесе есенска титула за Вардар. На две кола до крајот го обезбедивме овој примат, но продолживме сигурно да чекориме кон зацврстување на лидерската позиција. Беше пребродено и гостувањето во Ренова и последниот есенски натпревар на домашен терен, кога со триумф од 3:0 против Милано го финиширавме првиот дел од сезоната. Вкупно освоени 31 бод за избраниците на Сашо Јанев, или четири повеќе од најголемите конкуренти за титулата, екипите на Работнички и Шкендија.

Ова се сите резултати во есенскиот дел од сезоната:

1 коло: Вардар – Работнички  1:1

2 коло: Победа – Вардар  0:5

3 коло: Вардар – Пелистер   7:0

4 коло: Еуромилк – Вардар  0:4

5 коло: Вардар – Шкендија  4:0

6 коло: Шкупи – Вардар  0:1

7 коло: Вардар – А. Пандев  1:0

8 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар   0:8

9 коло: Вардар – Металург  1:0

10 коло: Ренова – Вардар  0:1

11 коло: Вардар – Милано  3:0

Во куп натпреварувањето стигнавме до 1/4, каде бевме елиминирани во двомечот од екипата на Шкендија. Претходно ја поминавме првата пречка против Академија Пандев.

1/8 А. Пандев – Вардар  1:3

1/4 Вардар – Шкендија  0:2

1/4 Шкендија – Вардар  2:1

Нападот беше повеќе од солиден, успевајќи да постигне 36 голови во противничките мрежи. Убедливо најдобар стрелец е Ибрахим Ариф со 14 постигнати голови. Убедливо најдобра Вардарова генерација по првиот дел од сезнатга во сите статистички сегменти на игра. Добрите игри на оваа генерација ги препозна и селекторот на младинската фудбалска репрезентација до 15 години, кој за претстојните пријателски натпревари со Ц.Гора ги повика во составот Давид Астарџиев и Филип Манасиевски од редовите на Вардар. Оваа екипа продолжува со напорни тренинзи и работа во наредниот период. Сигруно ќе се бара соодветна екипа за одигрување на некој пријателски натпревар до крајот на годината, со цел да се одржи добрата форма и победничкиот ритам кој го започнаа помладите пионери. Споменативе бројки и податоци треба да бидат само поттик и уште поголем мотив за црвено-црните , во исто темпо да продолжат и во пролетниот дел од натпреварувачката сезона.