Денес продолжуваат натпреварите за Рк Вардар, во рамките на деветтото коло од лигата на шампиони. Избраниците на Гонзалес после двата натпревари со Барселона ги очекува нов голем предизвик. Противник е стариот познаник, екипата на Киелце од Полска. Еднаш веќе одигравме со нив, кога во шестото коло во спортскиот центар Ј. Сандански им нанесовме тежок пораз со резултат 34:24. Еден од ракометарите во противничкиот состав, кој немаше можност да настапи на првиот дуел во Скопје е Словенскиот репрезентативец и организатор на играта на Киелце, познатиот Урош Зорман. Тој за нашиот сајт ги споделува своите впечатоци за денешниот дуел, со напомена дека се фаворити поради домашниот терен, но дека пред себе имаат силен противник.
-Ова е многу битен натпревар за двете екипи, ако сакаме да сметаме на што подобра позиција на крајот од групната фаза. Бидејќи играме на домашен терен, сметам дека сме фаворити и дека треба да го добиеме овој меч. Сепак не забораваме дека Вардар е силен противник, со многу квалитетни играчи во својот состав. Посебно оваа сезона играат добар и атрактивен ракомет, тоа веќе го докажаа на оној прв меч во Скопје кога не победија. Се надевам дека присутните гледачи ќе уживаат во еден вистински ракометен спектакл во Киелце.
Двете екипи имаат исти борј на бодови на табелата, и се наоѓаат на третото, односно четвртото место.
Ќе биде многу интересно и пред се неизвесно до самиот крај, каков ќе биде редоследот на екипите од 1-5 позиција. Искрено се надевам дека на едно од првите две места ќе се најдеме ние, но напоменав ќе биде исклучително тешко, изјави Урош Зорман за нашиот сајт.
Звонко Ивановски