Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар поразен со резултат 3:0, со двајца играчи помалку во дуелот со Шкендија
Вардар поразен со резултат 3:0, со двајца играчи помалку во дуелот со Шкендија

Вардар поразен со резултат 3:0, со двајца играчи помалку во дуелот со Шкендија

Денес на стадионот во населбата Чаир се одигра првиот 1/4 меч од купот на Македонија, помеѓу моментално најдобрите екипи на Шкендија и Вардар. Шкендија ја доби првата битка со висок триумф од 3:0, нашиот состав играше со двајца играчи помалку. Црвени картони добија Хамбарѕумјан и Попов. Тренерот Седлоски започна со следниве 11: Пачовски, Попов, Мијушковиќ, Грнчаров, Блажевски, Глигоров, Стојков, Хамбарѕумјан, Никлолов, Ромеро, Фелипе.

Тимот од Тетово уште од самиот почеток ја презеде иницијативата и во најголем дел ја имаше топката во свој посед. Првите поконкретни обиди кон нашиот гол се случија во две минути една по друга, кога Ибраими упати удар кон голот на Пачовски, кој без проблем интервенираше. Во следната посериозна акција, нападите на Шкендија вродија со плод. Се играше 22 минута кога од десната страна Демири упати центар шут во нашиот простор, на топката со глава наиде Жуниор кој небранет од никој наш одбранбен играч ја смести топката во голот за водство од 1:0.

Работите за нашиот фудбалски шампион почнаа да се влошуваат откако најпрво поради црвен картон играта мораше да ја напуштиХамбарѕумјан во 25 минута. Судијата Ставрев му додели втор жолт картон на ерменскиот репрезентативец откако во скок дуел невнимателно фаулираше. Тренерот Седлоски веднаш интервенираше и направи замена. На местото на Стојков испразнетата позиција на десната страна мораше да ја пополни со влегувањето на Брдаровски. Во 32 минута Никола Глигоров упатува удар кон голот на Јовановски, но без поголеми опасности да го загрози истиот. Само две минути подоцна противникот успеаа да ја погоди пречката од нашиот гол, иако Пачовски најверојатно ја допре оваа топка, доволно да е заврши во голот. Во 39 минута, невнимание на Горан Попов кој без дуел го удри Тодоровски, по што му беше доделен директен црвен картон. Веднаш потоа од прекин нафрлена топка, која за момент ја одбија нашите играчи, истата наиде на Цуцули кој со еден умерен удар во долниот десен агол стрелаше за 2:0. Нова принудна измена во редовите на Вардар, на местото на Ромеро во игра влегува Љамчевски. Со резултат од 2:0 заврши првиот дел.

Вториот дел започна со удар на Фелипе кон противничкиот гол, кој Јовановски без поголеми проблеми го одбрани. Шкендија имаше убава можност да го зголеми водсвото доколку Жуниор беше поснаодлив во завршниот удар да го лобува голманот Пачовски, кој во тие моменти спречи поголема катастрофа. На нашите малери им немаше крај, поради повреда теренот мораше да го напушти Глигоров, кој беше заменет од Украинецот Новак. Страстите помеѓу двете екипи никако да се смират, при една расправија помеѓу Грнчаров и Ибраими, судијата се решава да им покаже жолт картон и на двајцата. Вардарци умешно го бранеа нашиот гол, длабоко повлечени на својата половина. И овој моментален резултат беше добар за нив , ако се знае дека имавме двајца играчи помалку на теренот. Најдобриот играч во составот на Шкендија, Ибраими повторно се заканува кон голот на Пачовски, но до промена на резултатот не дојде. Сепак Вардарци не издржаа до крајот, се играше првата минута од судиското продолжение кога Радески најдобро се снајде и ја погоди нашата мрежа, за конечен резултат од 3:0.