Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Матјаж Брумен заминува од Вардар, по завршување на оваа сезона
Матјаж Брумен заминува од Вардар, по завршување на оваа сезона

Матјаж Брумен заминува од Вардар, по завршување на оваа сезона

Словенскиот интернационалец во редовите на Вардар, десното крило Матјаж Брумен на крајот од сезоната заминува од Вардар. Ова денес преку својот официјален сајт, го соопшти клубот. Како што се вели, спогодбено од двете страни предвреме е раскинат договорот кој требаше да трае до јуни 2017 година. Најавите се дека Брумен ќе продолжу во родната земја, во екипата на Горење.

-За играч како Брумен секогаш има место во нашиот тим. Со својот професионален однос секогаш е пример за голем спортист и пред се човек, со кого е задоволство да се соработува. Неговиот придонесе ќе остане впишан во клупската историја на Вардар. Верувам дека и сезонава ќе успееме заедно да се радуваме на уште поголеми клупски успеси, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.