Tuesday ,10 December 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Дарко Димитровски- Активен сум во изминатиот период со цел да му помогнам играчки на клубот, следува интересно дерби со Макпетрол

КУГЛАЊЕ! Дарко Димитровски- Активен сум во изминатиот период со цел да му помогнам играчки на клубот, следува интересно дерби со Макпетрол

Во овој текст разговараме со  Дарко Димитровски подпретседател на кугларскиот клуб Вардар и негов играч. Тој е неразделив дел од црвено-црната кугларска приказна. Зад нас  е комплетно есенската сезона, завршија мечевите во првиот круг на Македонската кугларска лига и Светскиот куп во Италија каде што учестуваме. Во продолжение Димитровски  дава оценка за сработеното на овие две клубски натпреварувања и Државното поединечно првенство каде настапија играчи на Вардар и ги заземаа првите две места.

Веќе трета година по ред го повторуваме истиот успех…веднаш сме зад лидерот Макпетрол, но решавачкиот исчекор за нешто повеќе е сеуште претежок за нашиот колектив. Резултатот од првата половина на сезоната е очекуван иако влеговме со шампионски амбиции и надежи. Само еден пораз од шампионот е нешто што нас не задоволува со оглед на момемталниот играчки кадар. Што се однесува до светскиот куп на кој настапивме, го остваривме очекуваното, а тоа е борбата за осмото место кое за многу малку ни избега. На крајот  полусезоната беше крунисан со црвено-црно финале во поединечна конкуренција кое го докажа нашиот квалитет и ја прави оваа полусезона многу успешна.

vardarfans-dare-lepi-660x330-660x330-660x330-660x330

Влаќевски Бојан го напушти црвено-црниот тим сега товарот пред се ќе падне на Дарко Димитровски и Младен Донковски пред се, но и на остатокот од тимот. Што мисли за ова харизматичниот подпретседател и играч на црвено-црните, а воедно бараме од него и оценка за очекувањата во пролетниот дел.

Заминувањето на Бојан дефинитивно ни ги намали амбициите и шансите за титула до ниво на теорија. Сепак ќе влеземе во дербито максимално посветени да дадеме што поголем отпор и да покажеме квалитетна игра како и дека го заслужуваме местото на кое сме. Јас се активирам многу повеќе од вообичаеното во овој малку квалитативен кризен играчки период со цел да помогнам колку можам во борбата за задржување на второто место во лигата. Донковски е докажан играч во нашиот клуб и имаме доверба во неговиот калитет. Веќе две сезони по ред е еден од најзаслужните за Вардаровите успеси, веднаш зад Диме и Бојан. Засега тешко ќе биде да се достигне ниво кое тотално ќе го замени Бојан, но времето ќе покаже што можеме со овој играчки фонд и квалитет. Очекувањата од МКЛ и Купот се повторување на резултатите од лани, две втори места во двете натпреварувања, иако сега ослабени ќе ни биде многу потешко. Но не се откажуваме во никој случај.

На нашиот  тим во текот на зимскиот период ви се приклучија четири играчи, од кои двајца јуниори. Како ја оценува идејата на Македонската кугларска федерација-МКФ за “возобновување“ на јуниорската конкуренција во овој спорт, на оваа тема Дарко вели:

Во зимскиот преоден рок го зголемивме играчкиот кадар за двајца сениори и три јуниори кои се првите Вардарови младинци во свежо основаната Вардарова младинска школа. Со задоволство го прифативме проектот за младинска лига предложен од МКФ и веднаш се дадовме во потрага од нови млади куглари кои се очајно потребни на целото македонско куглање кое бележи огромен пад во однос на број на активни куглари. Се надеваме ќе успееме да создадеме наследници на куглари како Диме, Бојан, Миле, Младен…

Михајло Тушевски