Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (ФОТО) Есенските шампиони на Игор Кралевски први стартуваа со подготовки за пролетниот дел од сезоната

(ФОТО) Есенските шампиони на Игор Кралевски први стартуваа со подготовки за пролетниот дел од сезоната

Избраниците на Игор Кралевски, Вардаровата генерација родени “2005“ година први стартуваа со подготовки за пролетниот дел од сезоната. Нашите млади надежи станаа есенски шампион во детската лига со максимален број на освоени бодови со двете екипи и во пролетниот дел сигурно дека ќе атакуваат на првото место. Првиот собир беше на академијата, а од вчера тренинзите се префрлија во населбата Драчево, каде Вардарци тренираат во балон на затворено, на терен со вештачка трева.

vardarfans-trening

Тренерот Кралевски се реши најрано да започне со тренинзи, а една од причините е и учеството на силниот турнир во Сандански (Бугарија), каде оваа генерација ќе се натпреварува од 7-11 февруари. Екипата е комплетна со враќањето на Матеј Гаштаров кој поради повреда ги пропушти последните неколку натпревари во првиот дел од сезоната. Денес е слободен за тренинзи, а од утре продолжуваат подготовките за силниот турнир во Бугарија, како и за пролетниот дел од сезоната во детската лига.

16128094_1318534671571143_465248492_n