Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија рамноправна на Шпанија, добри настапи за Стоилов и Душебаев, Хрватска на Циндриќ до нова победа

Македонија рамноправна на Шпанија, добри настапи за Стоилов и Душебаев, Хрватска на Циндриќ до нова победа

Вчера се одиграа нови натпревари на светското првенство во Франција, каде посебно интересен беше натпреварот на нашата репрезентација. Настап имаше и Лука Цинидрќ кој со Хрватска ја забележа четвртата победа.

Хрватска очекувано го доби дуелот со селекцијата на Чиле и стигна до својата четврта последователна победа на мундијалот. На вчерашниот натпревар тренерот Жељко Бабиќ им даде шанса повеќе на ракометарите кои не играа многу на претходните натпревари. Поштедени беа Дувњак, Штрлек и Хорват, но и без нив Хрватска беше пресилна. Само во првите пет минути Чиле одржуваше резултатска неизвесност, кога Хрватска имаше водство од 4:3, по што следеше серија на Хрватска од 5:1 за одлепување од противникот и водство од 9:4. По првото полувреме имаа убедлива предност од 17:9. Набрзина на стартот на вториот дел, Хрватска стигна и до двоцифрена предност од 17:9. Во продолжение од натпреварот само се зголемуваше водството, за на крај да биде изразено со конечен резултат од 37:22. Лука Циндриќ беше стрелец на три погодоци од четири обиди кон голот на Чиле.

Македонија не успеа да направи подвиг и да ја совлада селекцијата на Шпанија, иако во најголем дел од натпреварот беше рамноправен противник. На стартот од натпреварот се игрше гол за гол, се до моментот кога “фуријата“ прва се одлепи на резултат 8:5. Врати нашата репрезентација во ист стил и го израмни резултатот на 8:8. Македонија испушти можност со предност да замине на одмор, бидејќи имаше водсто од највисоки три голови разлика (11:14), сепак Шпанија во последните пет минути од полувремето успева да ја анулира негативата и на полувреме да се замине со нерешен резултат 14:14. За одблежување во првото полувреме се цепелините на Лазаров и Мансков, како и Лазаров со Георгиевски што ја дигнаа присутната публика на нозе. Да се направат такви акции во брз интервал против една Шпанија е секако за почит. Макеоднија со гол го отвори и второто полувреме, за нова предност од 14:15, по што Шпанија врати со два последователни голови. Избраниците на Рибера повторно успеваат да се одлепат резултатски и да поведат со 21:18. Македонија не се предаде и намалува на 21:20. Во продолжение од натпреварот, Шпаанија прави серија од 5:0, со кои се одлепува на високи 28:22. Тука беше јасно кој ќе ги освои бодовите од овој дуел. Конечниот резултат гласеше 29:25. Душебаев беше втор стрелец во својата репрезентација со пет погодоци, додека еден постигна Жоан Кањелас. Кај Македонија најефикасен беше Лазаров со шест голови, додека Стоилов беше стрелец на три погодоци.

Од ракметарите на Вардар, кои денес имаат настапи се Македонија која игра против Исланд, како и Русија против Бразил,