Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Душебаев: Македонија беше одлична против нас и денес може да го победи Исланд

Душебаев: Македонија беше одлична против нас и денес може да го победи Исланд

Малку недостасуваше Македонија да направи подвиг во дуелот против селекцијата на Шпанија. Нашата репрезентација во најголем дел од натпреварот беше рамнопрвен противник и покажа дека може да се надигрува со најсилните репрезентации на овој мундијал. При крајот на првото полувреме имавме и предност од три голоови (14:11), но Шпанија успеа до истекот на 30-те минути да го израмни резултатот. Во вториот дел “фуријата“ го скрши нашиот отпор и славеше со резултат 29:25. Четворица играчи на Вардар беа дел од овој натпревар, по двајца во двете репрезентации. Душебав одигра одличен меч постигнувајќи пет голови, додека пикерот на Вардар и Македонија, Стојанче Стоилов го заврши натпреварот со три погодоци. Денес Македонија го игра последниот натпревар од групната фаза, против репрезентацијата на Исланд. Доколку победиме Македонија ќе заврши на третото место во својата група. Во пресрет на овој натпревар, Душебаев и дава шанси на Македонија дека може да стигне до триумф.

-Македонија беше одлична и не е лесно да се игра против напад седум на шест со играч повеќе. Ако дадат лесни голови против Исланд, Македонија може да победи. Знаеме дека Исланд е многу квалитетна репрезентација, има 3-4 одлични ракометари и мора против нив добро да се брани. Исланд има опасни играчи, како на пример Сигурдсон кој дава многу голови и Македонија не смее да дозволи да остане во напад по грешките и да прими лесни голови. Знаеме дека Македонија е репрезентација која секогаш се бори до крај, до последната секунда, се бори за секоја топка. Кога Македонија нема да има добар напад, мора да се враќа брзо назад и да спречи контри, истакна Душебаев.