Македонската репрезентација загуби во дуелот со Шпанија, но со својата игра воопшто не разочара. Се боревме во текот на сите 60 минути и ниту во еден момент не бевме надиграни. Она што го одбележа вчершниот натпревар се двата цепелина кои ги изведе нашата репрезентација. Во центарот на вниманието беше капитенот Кирил Лазаров, а негови асистенти беа Манасков и Георгиевски. Двата цепелина беа изведени во едно по друг напад на Македонија.