Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика! Прв медал за девојка во дресот на Вардар по 34 години, Давчевска Марија со деби од соништата
Атлетика! Прв медал за девојка во дресот на Вардар по 34 години, Давчевска Марија со деби од соништата

Атлетика! Прв медал за девојка во дресот на Вардар по 34 години, Давчевска Марија со деби од соништата

Вчера се испиша нова светла страница во историјата на нашиот црвено-црн атлетско колектив, после долги години за Вардар настапи една девојка и веднаш се закити со медал. Го исконтактиравме професорот Мирослав Бошковиќ кој е за нашиот сајт ги пишува продолженијата од историјата на АК Вардар за тоа кога последен пат настапила и се закитила една девојка со медал за црвено-црните. Дојдовме до интересен погодок дека Давчевска Марија која вчера дебитираше дури после 34 години го “скрши“ мразот. Последна вардарка со медал е Каролина Наумовска која во 1982 година освоила сребро во Охрид на натпревар на 200 метри на државно ниво за помлади сениори.

Вардар од вчера официјално е побогат за новата црвено-црна принцеза Давчевска која дебитираше во нашиот свет дрес. Таа дојде на патеката молкум, а веднаш со големи букви го втисна своето име во поновата современа вардарова историја. Вчера во спомен на еден од нашите најголеми тренери чиј живот згасна прерано по 16-ти пат во организација на АК Работнички се одржа меморијалниот крос кантри Методи Веновски Мето. Нашата атлетичарка Марија Давчевска имаше инзвореден настап. Изворедно деби за Вардар. На трката на 2 километри го освои третото место со резултат 10 минути и 52 секунди. Натпреварот се одржа на кејот на реката вардар позади Телеком Арената. Ова е прв настап на Давчевска за Вардар. Едно прекрасно деби со освоен медал. Тука станува збор за талентиран спортист во кој Атлетскиот клуб Вардар гледа потенцијал за високи резултати!

Давчевска Марија на победничкиот пиедестал (III-место)

 

Вардар фанс веднаш стапи во контакт со оваа девојка, побаравме од неа да ни се престави бидејќи првпат ја сретнува вардаровата спортска јавност, покрај тоа Марија зборува за своите спортски почетоци. Таа ни појаснува  како стана дел од Вардар, колку е задоволна од настапот вчера и очекувањата за иднината, таа во изјавата за нашиот сајт вели:

Јас сум Марија Давчевска, родена  1996, живеам во градот  Велес.  Член на АК Вардар речиси 3 години, меѓутоа од одредени причини неможев да настапувам па ете сега се враќам полека во форма. Како спортист претходно играв фудбал,  околу  7 години настапував,  меѓутоа веќе 2 години не сум активна само рекреативно се бавам со тој спорт.  Јас станав дел од Вардар по иницијатива  на  мојот пријател, а воедно и еден од најдобрите млади атлетичари, вардаровиот атлетичар Петре Завировски. Пред овој настап имав желба и сакав да пробам да видам што ќе направам на оваа трка и успеав.  Со оглед на целата ситуацијата пласманот навистина добро излезе. Јас  во иднина се надевам на подобри резултати.